Новата генерација на У-21 на Македонија, на која селекторот Драган Канатларовски ќе смета за во иднина, попладнево на стадионот во Ѓорче, успеа со 1:0 во пријателски меч да ја победи соодветната селекција на БиХ.
Победничкиот гол за нашата селекција беше дело на Луан Абази во 48.минута.
За нашиот тим настапија: Алчевски, Јанкулоски, Тасевски, Стојчевски, Деспотовски, Златков, Елези, Тодоровски, Илиевски, Станковски, Курталан. Играа и Максимов, Николоски, Петејчук, Величковиќ, Фета, Крстевски, Мјаки,Николов, Тасев, Калкан, Митрев, Абази, Коцев, Фетаи.
Добра игра на нашите момци, инаку вториот меч меу овие две селекции ќе се игра во недела на теренот на ФФМ со почеток во 17 часот.