Македонија загуби убедливо од Грузија и тоа со 0:3, и тоа преубедливо и тоа во дербито за првото место во групата. Шокантни беа тие 0:3 за Грузија, јасно е дека сега не е време за детални анализи, критики, посебно ако се знае дека без кого настапивме и во каква форма беа нашите репрезентативци, пред се во физичка смисла. Не смееме сега веднаш “да пукаме“ по нив, па секој има право на лош ден.
А за тоа колку беше ова неочекувано за сите убаво се виде по нивните лица по мечот како и по неверицата кај фановите на трибините.