Со официјално обраќање преку социјалните мрежи, тимот на Манчестер Јунајтед официјално објави дека вкупно единаесет фудбалери летово го напуштаат клубот. Дел не се познати за пошироката јавност со оглед на огромниот играчки кадар со кој располага тимот од Олд Трафорд, но дел се и тоа како добро познати.
На чело е Пол Погба, чие што заминување односно доаѓање на Олд Трафорд, едноставно ја одбележа неговата кариера. Си заминува по втор пат од овој клуб, најверојатно повторно во Јувентус. Следуваат Немања Матиќ кој оди во Рома, Хуан Мата, како и Едисон Кавани.
Џеси Лингард за прв пат во неговата кариера ќе има професионален договор со друг клуб, а останатите се младинци кои речиси и да не добиле шанса во првиот тим на Манчестер Јунајтед.