Академија Пандев загуби од Црвена Звезда на купот на пријателството

506

На стартот на елиминационата фаза на купот на пријателството во Златибор, тимот на Академија Пандев несреќно загуби од екипата на Црвена Звезда по подоброто изведување на пеналите откако регуларниот дел заврши 1:1.

Откако Црвена Звезда поведе со 1:0, Стојанов израмни на 1:1, а потоа нашиот тим не само што заигра на победа туку истата и требаше да ја има во рацете. Промаши две зицер ситуации, односно голманот на Звезда одлично реагираше.
Во пенал серијата Црвена Звезда беше за нијанса посреќна и успеа да мине во полуфиналето каде што го чека победникот од дуелот Вардар – Динамо Загреб.

 

ПретходноВардарки го освоија пехарот во М14 лигата!
СледноМладите денеска против Босна