Вардарки го освоија пехарот во М14 лигата!

109

Екипата на Вардар е најдобрата во М14 лигата-жени за сезоната 2021/2022…

Младите кошаркарки од „Под Кале“ стигнаа до две победи на финалниот турнир во Крива Паланка. По Струга 2009 во полуфиналето, во доста израмнет финален натпревар, беа поуспешни и од своите врснички од екипата на Бадел 1872 со 53-41.

ВАРДАР – БАДЕЛ 1862    53:41

Младите кошаркарки на Вардар имаа предност од првиот момент на финалето во Крива Паланка. На крајот на првиот период се стекнаа со сосема солидни (15:7), кои избраничките на тренерот Славица Наков успеаја и да ги сочуваат до истекот на првото полувреме (28:20).

На почетокот на третиот период, девојчињата во „црвено-црна“ комбинација имаа и двоцифрена предност од (32:22). Но „баделки“ возвратија со своја серија на поени, по која дојдоа на само два поени негоатива (33:35). Но за кратко, затоа што дојде редот поени да дава Вардар, шест во серија, за ново одвојување, сега на стандардниот плус осум, (43:35), на осум минути пред крајот на финалниот меч. Не попуштија до крајот „вардарки“ во обидите да ја сочуваат таа постојана позитива.

Кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска беше прогласена за најкорисен играч на завршниот турнир кој во изминатите два дена беше успешно организиран во Крива Паланка.

ПретходноЗидан може да му направи проблем на Јувентус ако потпише за ПСЖ
СледноАкадемија Пандев загуби од Црвена Звезда на купот на пријателството