Миовски: Да го победиме Гибралтар и да ги залечиме раните

221

Македонија доживеа убедлив пораз од Грузија (0:3) во Скопје во рамките на 3. коло од Лигата на нациите. Никој не очекуваше толку слаб настап и толку убедлив пораз, со оглед на големите очекувања и напад на првото место во групата после настапот на ЕП и финалето од баражот за СП.
Еден од македонските репрезентативци Бојан Миовски вели дека од мечот со Грузија мора да се извлече поука и на наредниот меч да се победи.
Знаеме дека Гибралтар го одиграа последниот меч со Бугарија 1:1 и тоа докажува дека се добра репрезентација и треба да дадеме максимум и пристапот да ни биде ист како на мечот во Гибралтар пред неколку денови, ако го направиме тоа мислам дека нема да имаме никакви проблеми и дека ќе победиме убедливо.
Од поразот против Грузија ќе извлечеме поука, ќе анализираме каде грешевме, а мечот против Гибралтар е добра можност да се обидеме да ги залечиме раните.

ПретходноЕдна братска: Злато вредна фотографија на Дамјан и Војдан!
СледноФИФА го затвори случајот: Еквадор ќе игра на СП