Италијанскиот кошаркарски тим, Виртус Болоња со освојувањето на Еврокупот осигура место во Евролига за следната сезона. Клубот има големи амбиции, а за тоа говори и последната информација која ја посели „Тутоспорт“, кој тврди дека раководството сака да донесе кошаркар кој игра во НБА-лига.
На мета е Серж Ибака, 32-годишниот центар кој има 13 години искуство во најсилното светско клупско натпреварѕвање, две титули за најдобар блокер и шампионски прстен кој во 2019 година го освои со Торонто. Ибака минатата сезона почна во ЛА Клиперс, а заврши во Милвоки.
Неговиот договор му истече ова лето, па се очекува да има понуди и од НБА-лигата. Кам-бекот во Европа не е невозможен, тој ќе ја има главната улога на теренот, па доколку добие добра понуда нема да биде чудо да го видиме под обрачите кај италијанскиот тим.