43-годишниот италијански стратег Андреа Пирло по се изгледа постигнал финален договор и ќе стане нов тренер на турскиот клуб Фатих Караѓумрук.
Според весникот „Фанатик“, но и според информација на инсајдерот фабрицио Романо, италијанскиот и турскиот клуб постигнале договор за соработка, и сега прашање на часови е официјализацијата на соработката.
Зделката која ја договориле агентите на Пирло со турскиот клуб е одлична, па екс-тренерот на Јувентус уште за некој ден ќе почне со работа во Фатих.
Пирло е без работа откако беше отпуштен од Јувентус во мај 2021 година.