ПСЖ доби нов спортски директор

512

Луис Кампос ќе биде нов спортски директор на тимот на ПСЖ. Португалецот доаѓа на местото на Леонардо, кој на крајот од минатата сезона си замина од оваа функција, односно доби отказ дента кога Килиан Мбапе го продолжи својот договор. Во описот на новото работно место на Кампос стои дека ќе биде одговорен за организација, регрутирање и работата на првиот тим.

„Се радувам што се приклучив на ПСЖ, клуб за кој сметам дека е најјамбициозниот во светот на фудбалот. Ја делиме истата визија и едвај чекам да почнам со работа во развојот на извонредниот потенцијал на клубот“ – изјави Кампос.

ПретходноВардар и Црвена Звезда не го заборавија Илија Најдоски
СледноТен Хаг: Фудбалот е колективна игра и нема да толерирам егоистични самобендисани звезди