МЗТ Скопје среде Битола го подигна деветиот пехар во домашниот шампионат. Избраниците на Александар Петровиќ, финалната серија против Пелистер ја добија со конечни 3-1 и заслужено се радуваа на титулата.
Во последните десет години во мак-баскетот токму само „сино-белите“ доминираат, освоија девет титули, почнувајќи од 2012 година. Со ова тимот од Аеродром покажа најголема стабилност од сите клубови кои се во прволигашкото друштво. Расте од година во година, а за тоа говори и самиот податок дека следната сезона ќе игра во АБА-лига.