Готово е, нема веќе дилеми. Еквадор е репрезентацијата која ќе игра на СП во Катар оваа година. Имено како што денеска објави и официјално ФИФА, се прекинува постапката против Фудбалската федерација на Еквадор, а со тоа и автоматски се отфрла жалбата на Чиле.
Имено Чиле се жалеше дека фудбалерот Бајрон Давид Кастиљо бил неправилно регистриран и играл за Еквадор, па така бараше од ФИФА не Еквадор туку нивната селекција да учествува на СП.
Сепак според објаснувањето на ФИФА, причина за прифаќање на жалбата на Чиле по повод споменатиот фудбалер немало.