Новинарот кој во декември 2020 година објави дека Лионел Меси ќе се пресели во ПСЖ, во разговор на Радио Монте Карло откри дека Зинедин Зидан ќе го замени Маурисио Покетино како тренер на ПСЖ ова лето.
Даниел Риоло гостувал во програмата L’After Foot на радио RMC и потврдил дека трансферот на Зидан е договорен, само се чека сопственикот на францускиот шампион да му го врачи отказот на Покетино.
Интересно е што Риоло уште во април оваа година пишуваше дека Килијан Мбапе ќе одбие да се пресели во Реал Мадрид и ќе го продолжи договорот со ПСЖ, што укажува на тоа дека има одлични извори во клубот.
Зидан работеше со Реал Мадрид од 2016 до 2018 година и исто така од 2019 до 2021 година. Со Мадрид, француската легенда освои 11 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите трипати по ред.