Македонија синоќа беше непријатно изненадена на мечот со Грузија во 3. коло од Лигата на нации. Грузијците не совладаа во Скопје со убедливи 3:0, а по мечот младиот напаѓач во нашиот национален тим, Дарко Чурлинов ги сподели своите размислувања.
„Имавме две-три грешки кои Грузијците ги искористија. Сега ни останува уште еден меч, да ги средиме малку главите и да го добиеме тој меч. Мислам дека немавме среќа во завршницата пред гол. Има вакви средби и треба да се анализираме самите себе си и да се концентрираме на следниот меч. Мора да се кренеме пред следниот меч. На нас останува дали ќе си ги средиме главите и да излеземе на следниот меч на терен и да земеме три бода“, вели Чурлинов.
Македонија в недела во Скопје го пречекува Гибралтар во последниот меч од оваа фаза во ова УЕФА натпреварување.