Ливерпул е многу блиску до потпишување на договор со младиот уругвајски напаѓач Дарвин Нуњез од Бенфика кој може да донесе клупски трансфер рекорд вреден до 85 до 100 милиони евра.
„Црвените“ се подготвени да плата 80 милиони евра како основна цена, додека останатите 20 милиони евра да бидат во форма на бонуси.
Според португалскиот фудбалски стручњак Педро Сепулведа, 22-годишниот Уругваец на „Енфилд“ ќе заработува 6 милиони евра годишно, што е околу 116 илјади евра неделно.