Барди: Секој пораз боли, но мора да гледаме напред

110

Неуспехот против Грузија, и оние шокирачки 0:3 на Арената од пред неколку дена секако дека внесоа немир во нашиот национален тим. Едноставно тоа ни се нема случено одамна, особено не на оваа генрација па сега сите се прашуваме како селекторот Благоја Милевски и неговите избраници ќе реагираат и ќе одиграа утревечер против Гибралтар на истото место во истото време, од 20:45.

„Секој пораз боли но ние мора да се дигнеме и да гледаме напред. Самата атмосфера со резултатите ќе биде подобра. Секако дека не можеме да кажеме дека има поединечна вина за она што се случи, затоа што истата е колективна. Сепак, ние мора психолошки да се дигнеме и утре да одиграме добар меч“ – вели нашиот капитен Енис Барди.

Јавноста секако дека први на удар ги стави оние најјискусните, најдобрите. Сепак, и во тој момент веројатно дека треба да се гледа нешто позитивно, барем сега репрезентативците знаат како не треба да се одигра во дресот со националниот грб. Да се запомни добро тоа второ полувреме против Грузија и од тој момент да се извлечат поуки, за да никогаш повеќе не ни се случи. Барди капитенски денеска излезе пред јавноста и заедно со селекторот ветија подобар настап утре. Да им веруваме дека ќе биде така.

 

ПретходноМилевски: Одиме без Трајковски, можеби и Елмас, за составот ќе одлучам пред самиот меч
СледноХристов ќе напаѓа за Вардар