Македонската одбојкарска репрезентација попладнево дојде до посакуваната убедлива победа над БиХ на гостински терен и се уште е во игра за место на завршниот турнир од Сребрената лига. Сепак, за тоа да се случи, утре ќе мора да се надеваме на убедлив триумф и на Романците на средбата со Албанија.
„Заслуживме да играме на Ф4. Ова денеска беше и потешка победа од онаа со Романија, затоа што оваа мораше да се победи убедливо. Добивме некаков лик, сега чекаме на Романците. Ние нашето го направивме, но штета е што ќе чекаме на друг. Така се сложуваат коцките, па да се надеваме дека ќе ни се сложат до крај“, вели по завршувањето на денешниот меч со Босанците, нашиот техничар, Филип Деспотовски.
Утре во 16 часот, Романија на домашен терен ја пречекува Албанија.