Желбата за пехар не му се оствари: Лазаров го одигра последниот меч!

416

Кирил Лазаров го одигра последниот натпревар во својата кариера. За жал, неговиот Нант не успеа да приреди изненадување во финалето на Купот во Франција. ПСЖ ја оправда фаворитската улога, го урна сонот на Кире да се збогува со пехар.

Избраниците на Раул Гонзалес славеа со убедливи 31-36. Триумфот го обезбедија во првото полувреме, кое го добија со 13-18. Нант заигра подобро по одморот, но тоа не беше доволно за пресврт.

„ПСЖ одигра навистина добро, тоа беше одличен натпревар и заслужено победи. Тие се квалитетен тим, згора на тоа и беа одморени и добро се подготвија за овој дуел бидејќи имаа доволно време, додека ние се боревме за второто место. Беа многу добри и нема дилема дека заслужено победија. Ова ми е последен меч во кариерата, искрено повеќе жалам за Нант, што како тим не освоивме пехар отколку за мене самиот. Горд сум на се што постигнав низ годините и слободно можам да кажам дека ми е чест што играв во Нант, што играв во Франција“, изјави Лазаров по мечот.
ПретходноГвардиола купува млад Бразилец и веднаш го праќа на позајмица во ПСВ
СледноЧетири ремија на дуелите во Лига А: Без голови на супер-дербито во Англија (ВИДЕО)