Напаѓачот Александар Лаказет се врати во родниот клуб Лион како слободен фудбалер откако му истече договорот со Арсенал. Тој потпиша договор со „лавовите“ до летото 2025 година.
Инаку Лаказет го држи рекордот на Лион по број на голови во една сезона (28 гола во 2016/17).
А седумкратниот француски шампион работи на уште еден трансфер, а тоа е Корентин Толисо. Французинот ќе го напушти Баерн како слободен играч во текот на летото, па Лион сака да го донесе во своите редови, тврди спортскиот новинар Николо Скира кој е експерт за трансфери на фудбалери.
И Толисо е поранешен фудбалер на Лион. Играше за младинските категории, а од 2013 до 2017 година беше дел од најсилната екипа на Лион, а потоа отиде во Баерн.
Инаку Лион летоска остана без тројца фудбалери кои си заминаа, а тоа се Џејсон Денаер, Пепе Шеик и голманот Малколм Баркола.