Четири ремија на дуелите во Лига А: Без голови на супер-дербито во Англија (ВИДЕО)

127

Сите четири вечерни дуели од 3. коло во групната фаза од Лигат ана Нации во најсилниот сегмент „А“ завршија без победник. Долгоочекуваната пресметка меѓу Англија и Италија одиграна на стадионот во Вулверхемптон заврши со најнепопуларните 0:0, во меч во кој домашнте имаа повеќе од играта, но не искористија ниту една шанса за гол.

Со два гола постигнати во првите 10 минути од мечот, по еден во двете мрежи, заврши дуелот меѓу Унгарија и Германија. Унгарците поведоа со голот на Наѓи, но само неколку минути потоа Хофман ги врати Германците во егал за 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Со истиот резултат, 1:1, заврши и дуелот меѓу Велс и Белгија, каде Тилеманс ги донесе гостите во водство, па во финишот Џонсон донесе реми за Велс, додека најефикасно, но без победник со резултат 2:2 заврши пресметката меѓу Холандија и Полска.

Полјаците водеа и со 2:0, но домашните се соземаа во финишот на мечот и обезбедија реми.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во сегметот „Б“, Црна Гора и БиХ одиграа 1:1, додека Романија минимално со 1:0 ја совлада Финска.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Турците ја продолжија доминацијата во сегментот „Ц“, вечерва победувајќи го Луксембург на гости со 2:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЖелбата за пехар не му се оствари: Лазаров го одигра последниот меч!
СледноРасел: Болидите се небезбедни, прашање на време е кога ќе се случи катастрофа!