Ацо Јоновски не е повеќе тренер на германскиот тим на Интерактив. Својот прв професионален ангажман Јоновски и официјално го заврши во клубот каде што ја заврши и играчката кариера.
На негово место седнува Филип Лазаров кој ќе го води тимот во регионалното Куп финале што се игра утре. На Јоновски ќе му биде веројатно понудено некое друго место во клубот и нема комплетно да си замине.