Барса на Левандовски ќе му плаќа 12 милиони евра по сезона

510

Доколку Роберт Левандовски ја оствари својата цел – трансфер во Барселона, станаа познати и финансиските услови под кои би го облекол дресот на Каталонците.

Доколку напаѓачот на Баерн се пресели во каталонскиот клуб, ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона. Платата која ќе ја добива ќе биде 12 милиони евра годишно (нето).

Барселона очекува трансферот да не биде повеќе од 30 милиони евра. Претходно беше објавено дека во случај на трансфер во Барса, Полјакот ќе заработува 9 милиони евра годишно, но очигледно финансиските детали ќе бидат во плус за уште најмалку 3 милиони на контото на голгетерот.

ПретходноФудбалер на Штутгарт уапсен за силување
СледноГвардиола купува млад Бразилец и веднаш го праќа на позајмица во ПСВ