Напаѓачот на бразилски Атлетико Минеиро, Савио Мореира, ќе биде нов фудбалер на Манчестер Сити, но по се изгледа, следната сезона ќе игра во Холандија и тоа во дресот на ПСВ.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, се очекува Манчестер Сити да го купи напаѓачот и веднаш да му го позајми на ПСВ Ајндховен. Преговорите со холандскиот клуб се блиску до крај.
Претходно беше објавено дека е договорен трансферот на 18-годишниот играч во премиерлигашкиот клуб, а зделката се проценува на 6,5 милиони евра, плус бонуси во износ од 6 милиони евра.