Испаднаa од Премиер лигата и потврдиja заминување на 14 фудбалери

523

Барнли испадна од Премиер лигата и од наредната сезона ќе игра во Чемпионшип дивизијата. Клубот не успеа да го сочува прволигашкиот статус откако во финишот ја загуби битката со Лидс Јунајтед.
Па така Барнли падна во понизок ранг, а тоа значи и помалку финансии и оптоварување на буџетот за наредната сезона. Поради тоа некои фудбалери мораа да си заминат. Клубот потврди дека ќе заминат 14 играчи на крајот на јуни по што ќе почне процесот на реорганизација на тимот.
Меѓу оние што си одат се капитенот Бен Ме, Џејмс Тарковски, Фил Бардсли, Дејл Стивенс, Ерик Питерс, Арон Ленон, Мумбонго… Можно е да има и уште некои затоа што за голманот Ник Поуп, потоа за Макс Корне и Двајт Мекнил има интерес од премиерлигаши.
Од клубот потврдија дека преговараат со Џек Корк и Матеј Видра за продолжување на договорите и покрај испаѓањето. Исто така е активирана и клаузулата за продолжување на договорот на Ешли Барнс на уште една сезона.
Засега клубот располага со 24 играчи за следната сезона, а можно е да има засилувања.

ПретходноНеделев итно е опериран поради фрактура на черепот, потпаролот раскажа што се случило (видео)
СледноЃорѓиев: Ќе ја победиме Босна, само ве молам не ни создавајте притисок