И официјално: Чуамени во Реал Мадрид до 2028 година за убава сума на пари!

148

И официјално Орељен Чуамени е нов член на Реал Мадрид, трансфер кој долго време се најавуваше. Според познатиот новинар Фабрицио Романо, кралскиот тим за услугите на овој фудбалер ќе искешира 80 милиони евра на Монако, плус 20 милиони евра на име на бонуси.

Чуамени потпиша шестогодишен договор со важност до јуни 2028 година, неговата промоција е закажана за во вторник.

Со трансферот на младиот фудбалер, раководството на Реал Мадрид испрати порака дека Килијан Мбапе е преболен, европскиот првак веќе ја има првата бомба.

ПретходноМилан се откажа од Ботман, ќе му го расипува планот на Интер за Бремер
СледноПоследен танц на „Кралот“ Кирил Лазаров: За крај би сакал пехар!