Милан се откажа од Ботман, ќе му го расипува планот на Интер за Бремер

281

Според италијанските медиуми Милан се откажал од дефанзивецот на Лил Свен Ботман кој најверојатно ќе оди во Њукасл, а потоа се свртел кон новиот италијански репрезентативец Глејсон Бремер.
Њукасл понудил двојно повеќе за Ботман, а Милан не можел да наддава па се сврте кон друг фудбалер. Бремер остави силен белег во изминатата сезона, а Интер веднаш посака да го купи.
Сега Милан кој од неодамна е во сопственост на компанијата „Ред Брд“ бара квалитетен бек кој би го заменил Ромањоли. Па така ќе му ги расипува сметките на градскиот ривал кој одамна го има пикирано најдобриот дефанзивец во Серија А за минатата сезона.
Други информации тврдат дека Бремер, сепак, ќе го одбие Милан затоа што Интер му е омилениот клуб и им ветил дека ќе игра за нив.

ПретходноРемзифаик Селмани е нов играч на Мезоковешт
СледноИ официјално: Чуамени во Реал Мадрид до 2028 година за убава сума на пари!