Милевски: Одиме без Трајковски, можеби и Елмас, за составот ќе одлучам пред самиот меч

459

Македонската фудбалска репрезентација утре на Арената Тодор Проески од 20:45 часот го игра четвртиот дуел од актуелната Лига на Нации против репрезентацијата на Гибралтар.

По дебаклот кој ни се случи против Грузија и поразот од 0:3, сега момците на селекторот Благоја Милевски имаат за задача да поправат она што можат, односно да освојат три бода против аусајдерот кој пак ја шокираше  Бугарија со ремито 1:1.

Нашиот кормилар потенцира дека фудбалерите се преморени, дека дел од нив воопшто нема да бидат во комбинација.

„Дефинитивно ќе бидеме без Александар Трајковски. Елиф Елмас исто така е под знак прашалник. Што се однесува до првите единаесет ќе чекаме до последен момент да видиме кој е најподготвен да настапи. Околу начинот на кој што ќе го одиграме овој дуел можам да кажам дека ќе треба да бидеме на потребното ниво како и секогаш. Против Грузија ни фалеше тој завршен пас. За тоа многу влијае и формата во моментов на играчите, пред се исцрпеноста. Сите се во комбинација, сите ќе добијат шанса како што нагласив уште на стартот“ – изјави нашиот селектор на денешната официјална прес конференција пред мечот со Гибралтар утре.

ПретходноРеџепи е нов тренер на Лирија Призрен
СледноБарди: Секој пораз боли, но мора да гледаме напред