Неделев итно е опериран поради фрактура на черепот, потпаролот раскажа што се случило (видео)

514

Синоќа во Тбилиси при патувањето на бугарската фудбалска репрезентација од аеродромот до хотелот се случила тешка сообраќајна несреќа. Најтешко помина фудбалерот Тодор Неделев кој итно е префрлен во болница каде бил опериран поради фрактура на черепот. Потпаролот на БФС Виктор Игнатов откри што точно се случило.
Добро е што Неделев е во стабилна ситуација. Мораше да се изврши итна операција, да се реагира брзо затоа што последиците можеа да бидат фатални. Интервенција беше извршена на черепот бидејќи парче влегло внтре. Тоа беше отстрането оперативно и избегната е појава на хематом или идни компликации.
Неделев останува во болница на понатамошно лекување. Сите други се добри физички, но не и психолошки. Не можам да кажам чива грешка е ова. Се се случи толку брзо и засега не можам да кажам кој е виновен. Но можам да кажам дека времето беше лошо, автопатот беше влажен, постојано имаше грмотевици. Не можам да кажам дека возачите возеа брзо“, изјави Игнатов.

Фудбалерите патувале во два автобуси, а удриле еден во друг во тунел. Неделев бил во првиот автобус на задното седиште каде што удрил другиот автобус.
Едниот автобус подзастана, а другиот удри во него. Прозорецот се скрши и се повреди. Другите се добро. Ова е страшна ситуација“, изјави членот на БФС Веселин Балевски.

ПретходноКари го „запали“ ТД Гарден со 43 поени: Голден Стејт изедначи на 2:2
СледноИспаднаa од Премиер лигата и потврдиja заминување на 14 фудбалери