Петровиќ: Во серија мечеви сме подобри од Пелистер, ја заслуживме титулата

107

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром ја слави деветтата титула шампион на Македонија во својата историја. Синоќа во голем стил, Аеродромци го совладаа Пелистер и со тоа ја комплетираа финалната серија во своја корист.

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ секако презадоволен од развојот на настаните изјави дека неговиот состав заслужено ја освои титулата затоа што во моментов едноставно е подобар тим.

„Прво, да му честитам на Пелистер и на оваа прекрасна публика за фантастичното финале. Од последните шест натпревари против овој ривал, победивме на пет и мислам дека заслужено ја освоивме титулата. И пред да дојдам јас, екипата беше одлична, со моите помошници можеби наместивме некои коцки, но тоа сепак беше еден добар колектив кој знае да игра кошарка. Наскоро ќе почнеме со плановите за новата сезона во која ќе се натпреваруваме и во АБА лигата“   – изјави стратегот на МЗТ.

ПретходноРибас: Македонија покажа што е против Италија и Германија, а ние сме супер по ремито со Бугарија
СледноМинистерот Попоски на лиценца во Дојран