Последен танц на „Кралот“ Кирил Лазаров: За крај би сакал пехар!

202

Шестти јуни 2022 година ќе биде запишан во историјата на македонскиот, но и европскиот ракомет. Кирил Лазаров вечерва го игра последниот меч во својата кариера, неговиот Нант против ПСЖ ќе се обиде да дојде до пехарот во Купот на Франција.

Лазаров кој во својата кариера освои се што може да посака еден ракометар, би сакал да го освои и овој трофеј и така да стави печат на својата богата спортска приказна, но како што вели и да не успеат со Нант, тоа нема да биде промени ништо. Гордо, крената глава ќе ги закачи патиките.

„Посакував да играме завршница во Европската лига. Но, очигледно тоа натпреварување не ми оди. Сега ни следува финале во Купот на Франција. Ќе играме против ПСЖ. Знаејќи кога е мојот крај, ми беше желба да го играм тоа финале. Ќе пробаме да го изненадиме големиот фаворит. Би сакал да завршам со титула, но и тоа ако не се случи нема да промени ништо“.

Дуелот меѓу Нант и ПСЖ е закажан со почеток во 21 часот.

ПретходноИ официјално: Чуамени во Реал Мадрид до 2028 година за убава сума на пари!
СледноТолку од Виктор Ангелов во Академија Пандев