Расел: Болидите се небезбедни, прашање на време е кога ќе се случи катастрофа!

666

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, смета дека болидите во оваа 2022 година се небезбедни.

Поради ефектот од подлогата на пистите, болидите отскокнуваат по прави линии, особено на нерамни патеки.

„Големата несреќа е само прашање на време. Многумина од нас имаат потешкотии да го држат болидот во права линија поради нерамнините. Низ последните свиоци возиме со 320 km/h и од асфалтот се гледа колку се блиску болидите до површината. Формула 2 е во истата позиција, имаат слична филозофија. Ми се чини дека со сегашната технологија нема потреба да се вози милиметри од земјата – ова е пат до катастрофа“, рече возачот на Мерцедес пред утрешната трка за Големата награда на Азербејџан.

ПретходноЧетири ремија на дуелите во Лига А: Без голови на супер-дербито во Англија (ВИДЕО)
СледноСалах: Мојата куќа изгледа како болница, на мојата сопруга не и се допаѓа тоа