Рибас: Македонија покажа што е против Италија и Германија, а ние сме супер по ремито со Бугарија

173

Репрезентацијата на Гибралтар е во Скопје и утре на Арената во рамките од четвртото коло од Лигата на Нациите ќе се обиде да ни го загорчи животот, онака како што истото и го стори на Бугарија со ремито 1:1. Не дека ние секако ќе му дозволиме на аустајдерот тоа да го направи, но секогаш, треба, мора да се биде исклулително претпазлив со вавкиот тип на противници, и да се биде максимално сконцентриран на ваквиот тип на мечеви. Впрочем, имаме ние примери во минатото со кој баш и не се гордеме кога станува збор за ваквите фудбалки ентузијасти.

„Секако дека е задоволство да се виде овде. Македонија и тоа како покажа каква репрезентација е со мечевите против Италија односно Германија. Се знае кој е фаворит. Ние пак имаме добра атмосфера во тимот по ремито со Бугарија. За сите е тешко да играат четири мечеви еден по друг па и за нас. Немаме повредени и тоа е најважно – вели селекторот на Гибралтар, уругваецот Хулио Ривас.

Од друга страна пак, младиот Николас Поцо на дуелот со нас пред десетина дена играше за прв пат за својот национален тим на 17. години.

„Пресреќен сум и што дебитирав и што сум тука. Ќе се обидеме да одиграме добро, да се претставиме достојно и на овој меч против Македонија. Полесно ќе ни беше ако игравме на вештачка трева, зошто ние сме навикнати н таква подлога, но и на природната утре ќе го дадеме максимумот“ – изјави Поцо.

ПретходноХристов ќе напаѓа за Вардар
СледноПетровиќ: Во серија мечеви сме подобри од Пелистер, ја заслуживме титулата