Снајдер: Можев да бидам како Меси или Роналдо, но немав таква желба

142

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер изјави дека имал потенцијал да биде на исто ниво со светските мегаѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси, меѓутоа немал желба за такво нешто. Снајдер во криерата играше за Реал Мадрид, Интер и Галатасарај.
Можев да бидам како нив, меѓутоа немав таква желба. Уживав во животот и можев спокојно да испијам чаша вино на вечера. Лео и Кристијано се различни. Тие жртвуваа многу за успехот. Мислам дека имав убава кариера. Задоволен сум како помина“, изјави сега веќе 38-годишниот Снајдер.
Тој откри зошто го избрал Галатасарај место понудата на Ливерпул.
Многу луѓе беа изненадени. Но јас сум победник, мојата цел е наградата и затоа отидов во Турција затоа што мислев дека Галатасарај ќе освои повеќе затоа што беше шампион. Направив вистински избор. Имам прекрасни спомени од таму“, вели Холанѓанецот.

ПретходноЛион го потврди Лаказет и работи на донесување на уште еден врвен фудбалер
СледноЈоновски се раздели со Интерактив, Лазаров привремен тренер