Тешка сообраќајна несреќа на Бугарите во Тбилиси, Неделев е во болница!

2480

Вознемирувачки вести доаѓаат вечерва од Грузија, поточно од Тбилиси и тоа од таборот на репрезентацијата на Бугарија. Селекција која во недела треба да го одигра мечот од Лигата на Нации со домашната селекција и тоа од нашата група.

Имено при патувањето од аеродромот до хотелот во Тбилиси,каде требало да биде сместена експедицијата на Бугарите, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале двата аввтобуси кои ги пренесувале членовите на бугарската репрезентација, се судриле еден со друг. Притоа најтешко минал фудбалерот Тодор  Неделев кој веднаш бил пренесен во болница.

ПретходноГо одигра најдобриот меч за репрезентацијата, а потоа загина во сообраќајна несреќа
СледноКари го „запали“ ТД Гарден со 43 поени: Голден Стејт изедначи на 2:2