Тимот на Академија Пандев следната сезона ќе биде без искусниот Виктор Ангелов. Екс македонскиот младински репрезентативец си заминува од Струмица, и наесен ќе има нов клуб.
Тој пристигна на полусезоната, за да го засили тимот во обид да се обезбеди што подобар пласман на табелата и евентуално излез во Европа што е и остварено, но сега е време за разделба.
Ангелов своевремено беше дел од онаа златна генерација на репрезентацијата на Македонија до 21. година која обезбеди пласман на Европското во Полска, а во карирата настапуваше за Работнички, Шалке, Тетекс, Металург, Шкупи, Ујпешт, Широки Бријег….