Убедлива Македонија: Триумф со максимални 0:3 на гостувањето кај БиХ!

201

Нашата најдобра одбојкарска репрезентација со 0:3 и повеќе од убедливо славеше на гостувањето кај БиХ и тоа во Тузла. Ова беше меч на нашите момци од последното коло во Сребрената лига. Сега ќе го чекаме исходот од утрешниот меч од нашата група меѓу Романија и Албанија, секако дека ќе навиваме за домашната селекција ако сакаме да се пласираме во полуфиналето нам ни трева победа на Романија.

Инаку денеска во Тузла првиот сет Македонија го доби со 21:25, со истиот резултат го добивме и вториот сет, за да во третиот сет беше 20:25.

Ние нашата работа си ја завршивме, сега останува да сочекаме триумф на Романија утре.

 

ПретходноФантастичниот Леклер до пол-позицијата во Баку!
СледноТОП -10 најскапи трансфери во историјата на Реал…овој на Чуамени е четврти!