Симеон Христов е нов напаѓач на Вардар. Конечно преодниот рок стартуваше и во таборот на „црвено – црните“ со првиот новитет кој пристигнува летово, и е официјално претставен во клупските простории.
Христов е искусен играч кој досега настапуваше во таборот на Работнички. Тој е некогашен младински репрезентативец на Македонија, и има големо искуство во домашниот шампионат. Имаше и неколку излети на интернационална сцена.
Христов секако дека со своето искуство во многу ќе помогне Вардар конечно да излезе од резултатското сивило кое што трае веќе извесен период и дека ќе биде еден од водачите на клубот кој следната сезона ќе се обиде конечно да се врати во првата лига.