Заврши одморот за шампионот, за најдобриот тим во Македонија, секако за Шкупи. Имено чаирчани предводени од стратегот Гоце Седлоски ги стартуваа подготовките и веднаш заминаа во Охрид каде ќе ја одработат првата фаза. Потоа од 17 јуни се оди во Турција каде покрај другото ќе се одигра и пријателски меч со гигантот Фенербахче, меч кој е закажан за 22 јуни и тоа во Истанбул.
Но до тогаш има време, Седло форсира жестоко темпо на тренинзите вo Охрид, играчите мора што побргу да влезат во форма, за помалку од месец дена ги чека настап во квалификациите во Лигата на Шампионите.