Македонија денеска ќе игра против БиХ во послдниот меч од групата во Сребрената одбојкарска лига.
„Да не размислуваме за завршниот турнир.Дојдовме во Босна за да победиме со три бода, а потоа ќе чекаме“,вели македонскиот капитен Никола Ѓорѓиев.
Со 3-0 за Македонија во Тузла, ќе ни одговара победа со 3-0 и со 3-1 на Романија в недела против Албанија. Во таков случај ние ќе имаме подобар сет-количник од Албанците и ќе се качиме на второто место. Исто е и доколку ние славиме со 3-1, а Романија со 3-0. Но со резултати 3-1 за нас и за Романија, Македонија и Албанија ќе имаат ист број победи, бодови и сет-количник, па ќе решава поен-количникот, а во него имаме минус девет во односна второпласираниот тим во групата.
Нам не ни врши работа триумф со 3-2, како и два освоени сета на Албанците во Романија, која падна во Скопје во средата, во нашиот најзрел настап годинава.
„Без еуфорија, супер е се, не сме фаворити соБосна, не сме сила како што бевме лани или пред две години. Ние сме семејство коешто работи напорно за да го оствари својот сон. Ве молам да не ни создавате притисок затоа што во двомечот со Албанија не го издржавме. Одиме да победиме, ќе победиме, но само мирно“, уште од почетокот на натпреварувањето капитенот апелира на водржаност.