Ирците ја прегазија Шкотска во островското дерби (ВИДЕО)

68

Во извонреден натпревар, Република Ирска ја прегази Шкотска со 3:0 на мечот во Даблин на стадионот „Авива“.

Ирците беа во незавидна позиција по првите два натпревари во групата 1 од „Б“-сементот од Лигата на нации, без освоен бод. Сепак, по триумфот над Шкотска, работите се променија.

Домашните брзо дојдоа до два гола предност, откако најпрвин Браун постигна гол на асистенција на Дафи во 20. минута, а осум минути подоцна Перот погоди по додавањето на Обафеми. Домашните не избрзаа во продолжение, а победата ја потврди Обафеми со евро-гол од 25 метри.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноКасами во Струга ТЛ до 2024!
СледноТони Надал: Рафа сигурно ќе игра на Вимблдон!