МЗТ како фурија, Филип Ѓоревски победникот на Аеродром!

1355

Во само неколку месеци МЗТ Скопје од тим кој не блескаше во полн сјај стана екипа кога ја исполни целта, ја завери една од најдобрите сезони во изминатите пет години. Одбрана на титулата во Македонија и враќање во АБА елита. Сон на секој член на „Фемили“ и желба на сите од Аеродром кои дишат и го сакаат МЗТ Скопје.

Ако го вратиме филмот таму некаде во декември. Се наликуваше на катастрофа, неуспех и бламажа. Нова локална власт, нови промени, сопки од оние преходните кои правеа после нив да биде потоп. Врелиот „компир“ беше даден во рацете на Филип Ѓоревски, кој дојде на функцијата извршен директор со амин на градоначалникот Тимчо Муцунски.

„Огнени стрели“ од претходните, неисплатени плати и игранка да си замине Американецот Дастин Вер, за беспари иако до тој момент тој беше најдобриот кај „штрковите“.

Тргна некако работата, се врати Војдан Стојановски се случи неуспехот во Купот од ТФТ и тогаш беше пресечено. Александар Петровиќ дојде на местото од Дарко Радуловиќ.

Потегот на Ѓоревски со кој се спаси и сезоната и се испоплни сонот, а тоа е МЗТ да се врати во елитната АБА лига. Аеродром беше домаќин на завршниот турнир, МЗТ играше финале но имаше и среќа затоа што поразот од Златибор беше само слатка мака со вкус на АБА 1.

И што ли не само претрпе Филип Ѓоревски во тие моменти кога го загуби Купот. Од навреди, од критики од се и сешто. Од спортски до нечовечки напади кои ги издржа стоејќи на нозе и со желба да им врати на сите тие кои претходните години имаа неуспешни сеозони, пливаа во второлигашкото јадранско друштво без шанса да го вратат полниот сјај, беа јаки на „Фејсбук“ и сето тоа го прикриваа со бајки на социјалните мрежи со домашна титула и со многу потрошени пари.

Епа сега Филипе не застанувај, ти си победникот на Аеродром и човек кој го врати МЗТ таму каде што му е местото. Немаш буџет како некои во минатото, но имаш чиста мисла, чесност и среќна ѕвезда. Не дека се беше идеално, но целта е постигната, секогаш мора и може повеќе затоа што ти како прв човек на МЗТ тоа многу добро го знаеш и од времето како играч кога играше за беспари и сега кога си на врвот, во улога на извршен директор.

И кој што правел во минатото треба да одговара за истото. Ревизии, ревизии, ревизии…Без милос кај никого, ако не ги гониш ќе те гонат! Така е тоа во животот!

ПретходноУкраина ја “збриша“ Ерменија! (ВИДЕО)
СледноФантастичниот Леклер до пол-позицијата во Баку!