Гибралтар е редовен “пациент“…така нека биде и вечерва!

147

 

Во пресрет на денешниот дуел со Гибралтар во Лигата на Нации, да се потсетиме на досега одиграните натпревари со селекцијата на една од најмалите земји во светот. Па ако сакате и во фудбалска смисла, која сепак од ден на ден напредува.

Вечерва од 18 часот на Арената во Скопје, Македонија по четврти пат ќе ги одмери силите со Гибралтар, и овојпат во Лигата на Нации.Јасно е дека имаме максимален учинок, три меча и три сигурни победи. Вечерва одиме по четвртиот.

Гибралтар ни е редовен „пациент“, па така нека биде и вечерва. Оваа селекција на овие три меча ниту еднаш не успеала да ни даде гол, така и нека остане.

Првите два меча ги одигравме во првиот циклус во Лигата на Нации во 2018 година. На гости победивме со 0:2 и тоа со головите на Тричковски и Алиоски, а дома славевме со 4:0 и тоа со головите Барди, Трајковски и два на Несторовски.

Пред пет дена на Гибралтар победивме со 0:2 со головите на Барди и Николов. Вечерва во четвртиот меч ја очекува и четвртата победа.

 

ДОСЕГАШНИ МЕЧЕВИ СО ГИБРАЛТАР

06.09.2018:ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА 0:2

19.11.2018:МАКЕДОНИЈА – ГИБРАЛТАР 4:0

05.06.2022:ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА 0:2

ПретходноБарселона доби конкуренција, Јунајтед се вклучи во трката за Левандовски
СледноПол Погба на чекор до потпис!