Роберт Левандовски сепак би можел да заврши во ПСЖ. Не во Барселона или Манчестер Јунајтед, туку во Париз на „Паркот на принцовите“.Ова денеска го објавуваат медиумите во Англија и пред се во Франција.
Имено се нагласува дека парите не се проблем, но и тоа дека Килијан Мбапе би сакал покрај себе во нападот на “светците“ да го има еден таков стрелец каков што е Левандовски.
На овој трансфер инсистирале сите во клубот, посебно Луис Кампош кој од неодамна е новиот спортски директор на ПСЖ.
Сепак не е јасно како би функцинирал нападот на “светците“ ако се знае дека покрај Мбапе, Меси, Нејмар најверојатно во тимот ќе остане и Мауро Икардаи, или пак Кампош има свој план.
Останува да се види.
ФОТО: Twitter