Вечерва од 18 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, со мечот против Гибралтар конечно ќе заврши пеколниот јунски циклус во Лигата на Нации – Ц, во групата – 4. Ова ќе биде четвртиот меч за десет дена за момците на селекторот Благоја Милевски. Се разбира дека по оној шокантен пораз од Грузија дома, и тоа со 0:3, во кој и играчки и резултатски бевме “демолирани“ сега на ред е со една убава победа, убав и квалитетен настап да го завршиме овој јуни и да го дочекаме септември, кога се играат последни два меча од групата.
Факт е дека за Македонија овој циклус на Лигата на Нации е завршен. Грузија ни бега 5 бода по само три одиграни кола, но факт е дека вечерва мечот со Гибралтар мора и баш мора да се добие. Не толку поради тие три бода туку пред се поради својата чест. Македонија во последните неколку години си изгради свој имиџ, и тој треба да се одржува со победи, со квалитетни игри. Да покажеме дека тој меч со Грузија беше само лош ден, дека заморот си го стори своето и дека и на Македонија, како и на секоја друга репрезентација може да и се случи да загуби на тој начин.
Македонија вечерва пред се треба да игра и за својата чест..
Во вториот меч од нашата група во Тбилиси се среќаваат Грузија и Бугарија.
ЛИГА НАЦИИ- Ц, ГРУПА-4, 4.КОЛО
ВЕЧЕРВА – 18 ЧАСОТ
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА –ГИБРАЛТАР
ТБИЛИСИ: ГРУЗИЈА – БУГАРИЈА
ТАБЕЛА
1.ГРУЗИЈА 3 3 0 12:2 9
2.МАКЕДОНИЈА 3 1 1 1 3:4 4
3.БУГАРИЈА 3 0 2 1 4:7 2
4.ГИБРАЛТАР 3 0 1 2 1:7 1