Екипата на Струга Трим Лум следната сезона ќе биде посилна за ни помалку ни повеќе туку Бесарт Ибраими. Екс играчот на Ренова, Шкендија, Шалке, Ксанти но и екс македонски репрезентативец му пристапува на тимот на Струга по авантурата која ја имаше во Грција, односно во тимот на Ксанти.
Спортмедиа го најави трансферот на Ибраими уште пред неколку дена, а тој ќе биде големо, огромно засилување за клубот, кој изминатата сезона не ги исполни своите но и очекувањата на јавноста на резултатски план.
Токму затоа е доведен Ибраими, за да следната сезона Струга Трим Лум повторно застане на местата кои реално му припаѓаат на клубот според вложувањата и со тоа да биде обезбеден нов излез во Европа, а зошто да не и атак на некој трофеј.