Фазлагиќ: Оваа репрезентација на секој меч оди на победа

555

Меѓу замените кои ги направи селекторот Милевски во вториот дел од мечот со Гибралтар беше и влегувањето на младиот Фазлагиќ. По мечот тој вака ја прокоментира денешната победа:

„Ова беше еден убав меч. 4:0, благодарение на одличното прво полувреме. Во второто гледавме да го затвориме мечот и со што помалку грешки да ја завршиме средбата. Секако и на следните два меча одиме на победа. Оваа репрезентација на секој меч оди со позитивна мисла и на победа. Тоа ќе биде и за наредните натпревари“, вели младиот репрезентативец кој и денеска доби шанса во националниот тим.

ПретходноЕх, да беше вака со Грузија, а не со Гибралтар…
СледноСтручен коментар – Александар Васоски: Симпатична победа…ова нешто беше потребно!