Роберт Левандовски по оваа сезона ќе го напушти Баерн Минхен и покрај тоа што има договор со баварскиот гигант до 2023 година. Полскиот напаѓач својата одлука ја соопшти јавно, не му остави простор на раководството на клубот за преговори.
Прв во редот застана Барселона, за овој трансфер веќе се пишува речиси еден месец, но прашање е дали каталонскиот тим, кој е во финансиска криза ќе успее да искешира за услугите на Левнадовски.
Патот за Барса стана уште потежок. Според англиските медиуми, во трката за полскиот фудбалер се вклучи и Манчестер Јунајтед. По неуспешната сезона, премиер-лигашот има намера да создаде тим, кој ќе го врати стариот сјај на клубот, а Левандовски ќе биде одлично засилување. Заедно со Кистирјано Роналдо ќе бидат пеколен напаѓачки тандем.
За Левандовски интерес покажа и ПСЖ, па ова лето дефинитивно ќе биде интересно.