Репрезентацијата на Грузија тргна фуриозно во Лигата на нациите, забележа три победи по првите три кола со гол разлика 12:2. Победија и во Скопје со 3:0, ја совладаа и Бугарија во разград со 5:2, а вечерва не успеаа втор пат да ги победат Бугарите.
Само 0:0 во Тбилиси и покрај тоа што Грузијците беа подобар противник имаа вкупно 12 шутеви наспроти 3 на Бугарите, но сепак мрежите мируваа.
Грузија на првото место има 10 бодови, Македонија е втора со 7 бодови, Бугарите имаат 2, а Гибралтар 1 бод.