Светскиот првак во Формула 1, Макс Верстапен на Ред Бул е победник на денешната трка за ГН на Азербејџан, која се возеше низ улиците на Баку. Негов петти троумф сезонава и 25-ти во кариерата. Интресна трка, во која Холанѓанецот максимално го искористи она што му се даде, посебно тука мислиме на катастрофата на двата болиди на Ферари. Имено и Леклер и Саинц предвреме ја завршија трката поради проблеми со своите болиди.
Штета за Ферари зошто имаше можност да освои доста бодови на оваа трка, посебно ако се знае дека беа на првото и четвртото место на стартот по вчерашните квалификации.
Но тоа е тоа што се однесува за Ферари.
Инаку на второто место трката во Баку ја заврши Серхио Перез, додека на подиумот се најде и Џорџ Расел на Мерцедес. Луис Хамилтон на крајот заврши како четврти.