Во пресрет на денешниот дуел со Гибралтар во Лигата на Нации, да се потсетиме на досега одиграните натпревари со селекцијата на една од најмалите земји во светот. Па ако сакате и во фудбалска смисла, која сепак од ден на ден напредува.
Вечерва од 18 часот на Арената во Скопје, Македонија по четврти пат ќе ги одмери силите со Гибралтар, и овојпат во Лигата на Нации.Јасно е дека имаме максимален учинок, три меча и три сигурни победи. Вечерва одиме по четвртиот.
Гибралтар ни е редовен „пациент“, па така нека биде и вечерва. Оваа селекција на овие три меча ниту еднаш не успеала да ни даде гол, така и нека остане.
Првите два меча ги одигравме во првиот циклус во Лигата на Нации во 2018 година. На гости победивме со 0:2 и тоа со головите на Тричковски и Алиоски, а дома славевме со 4:0 и тоа со головите Барди, Трајковски и два на Несторовски.
Пред пет дена на Гибралтар победивме со 0:2 со головите на Барди и Николов. Вечерва во четвртиот меч ја очекува и четвртата победа.
ДОСЕГАШНИ МЕЧЕВИ СО ГИБРАЛТАР
06.09.2018:ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА 0:2
19.11.2018:МАКЕДОНИЈА – ГИБРАЛТАР 4:0
05.06.2022:ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА 0:2