Дејан Манасков им се обрати на фановите на Веспрем: Ваков крај не замислував…

342

Уште еден македонски репрезентативец следната сезона ќе го гледам во друг дрес. Дејан Манасков полека ја завршува својата приказна во Веспрем. После пет години минато во дресот на унгарскиот тим, тој ќе ги промени боите на клубот, засега не е позната неговата дестинација.

Манасков и Веспрем за жал не успеаја да ја освојат титулата во тамошниот шампионат, го имаа мечот, но во самиот финиш им се лизна пехарот, и тоа пред своите навивачи. Имаа реми за титула, не само што не го искористија нападот, туку примија гол од Пик Сегед во самиот финиш.

Манасков денеска се огласи на социјалните мрежи, потенцирајќи дека тој не сакал на овој начин да го одигра последниот натпревар пред фановите на Веспрем, тој им се заблагодари за поддршката во изминатите пет години.

Веспрем се пласираше на фајнл-фор завршницата во Келн, што ќе биде последно патување на Манасков со овој тим, кој сонува за прва титула во Лигата на шампиони. Ф4 на програмата е следниот викенд.

ПретходноПобедничко збогум на Жарко Пешевски!
СледноМакедонските одбојкари се пласираа во полуфиналето на Сребрената лига